Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона ќе ги игнорира заканите на агентот на Витор Роке

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Раководството на Барселона ќе застане зад тренерот Чави Ернандес и нема да дозволи агентот на Витор Роке да влијае на одлуките на стручниот штаб и воопшто трансфер политиката на шпанскиот клуб.

Агентот на Бразилецот, Андре Кари, јавно и порача на Барселона дека ќе бара трансфер на својот клиент, ако тој не добива соодветна минутажа од Чави и таквиот став предизвика многу реакции во шпанската јавност.

Во клубот се лути и поради тврдењето на Кари дека Чави воопшто не разговара со големиот бразилски талент, нешто што не било вистина, па затоа ќе поддржат било каква одлука на тренерот, кој веќе размислува да го испрати Роке на заем во друга екипа за да добие поголема минутажа.

Раководството на Барса смета дека агентот на Роке ја преминал „црвената линија“ со последните коментари, па се надева дека самиот фудбалер ќе се огради од ставовите на својот застапник, бидејќи во спротивно целата ситуација може да биде непријатна за сите инволвирани страни.

Бразилецот досега има одиграно нешто над 300 минути за Барса, во кои постигна и 2 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни