Поврзете се со нас

Англија

Прегратката меѓу Клоп и Ван Дајк по последниот меч на Јирген како менаџер на Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп одлично ги контролираше емоциите на последниот меч како менаџер на Ливерпул и едвај ги додржа солзите пред самиот старт на натпреварот, но откако неговиот тим славеше со 2:0, продолжија низата емотивни моменти за германскиот стручњак.

Играчите на Ливерпул го испратија својот тренер со победа и на тој начин се стави крај на една незаборавна деветгодишна авантура, период во кој Ливерпул освои осум големи трофеи, меѓу кои и толку посакуваната Премиер лига.

Сосема очекувано, добар дел од навивачите на Ливерпул го дочекаа со солзи последниот судиски свиреж, но емотивно беше и на теренот, каде со насолзени очи беше и самиот Јирген.

Клоп го заврши мечот во прегратка на своите фудбалери, но посебно емотивна беше онаа која ја имаше со капитенот Вирџил Ван Дајк, кој очигледно е најпогоден од заминувањето на Германецот.

За да го овековечи моментот, Ван Дајк заврши и со фотоапарат за време на прошталната церемонија во чест на Клоп, па застана и во шпалирот кој му го приредија вработените во клубот пред преполниот „Енфилд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни