Поврзете се со нас

Англија

Одегард испрати прва порака до фановите на Арсенал откако „топчиите“ повторно останаа на дофат од титулата

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал успеа да извојува победа над Евертон во самата завршница и славеше со голот на Каи Хаверц, но тоа е премала утеха за фановите на клубот кои одново останаа без посакуваниот трофеј.

„Топчиите“ втора година по ред останаа на дофат од титулата во Премиер лигата, односно повторно ја загубија битката со Манчестер Сити кој едноставно беше непогрешлив во завршницата.

Поразот од Астон Вила на домашен терен се покажа како клучен неуспех во трката за титулата, а откако „топчиите“ останаа со празни раце, прв кој се обрати до фановите беше капитенот Мартин Одегард.

– Сите верувавте во нас, исто како што верувавте и денеска. Сега следи пауза, но не можам да дочекам да се вратам и да ве направиме многу погорди од тоа што сте денес.

– Ќе се вратиме посилни и уште погладни и ќе притискаме колку што можеме за да победуваме најмногу што можеме, – порача капитенот Одегард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни