Поврзете се со нас

Шпанија

Маркез за тоа дали ќе го наследни Чави во Барселона: Мојот фокус…

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelonaB

Барселона вечерва игра значаен меч против Рајо Валјекано во Примера, меч во кој може официјално да го потврди второто место на табелата и со тоа да обезбеди учество во Супер Купот на Шпанија, натпреварување кое носи финансиска добивка за клубот.

Се очекува по овој дуел многу работи да се расчистат кога е во прашање темата Чави Ернандес и дали тој ќе остане на сегашната позиција и по крајот на сезоната. Таа тема требаше да биде затворена со оглед на тоа што стратегот со помош на клубот се предомисли, промени првичната одлука за заминување пред некое време, но во изминативе денови се случи некој пресврт ако се суди по информациите на медиумите и претседателот Жоан Лапорта сака да се ослободи од легендата.

Набрзо се ќе биде лесно, а во меѓувреме кратко коментар даде Рафа Маркез кој се споменува како потенцијален наследник.

-Мојот фокус е на плеј-офот. Се концентрирам на сегашноста за да се обидам да го извлечам најдоброто што можам од сегашната ситуација, -порача Маркез кој ја води втората екипа на Барса која се обидува да избори место во втората лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни