Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола ги загрижи фановите на Сити: Поблиску сум до заминување

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола успеа да го одведе Манчестер Сити до четврта титула по ред во Премиер лигата и со тоа си обезбеди место во историјата на елитното фудбалско натпреварување.

Трофејниот менаџер во својата прва изјава по денешниот триумф над Вест Хем навестил дека размислува за заминување од „Итихад“ по завршувањето на договорот следното лето.

– Реалноста е дека сум поблиску до заминување, отколку до останување на „Итихад“.

– Поминаа осум години, ќе бидат девет, во моментов размислувам дека ќе бидам во тимот и следната сезона. Во текот на истата ќе разговараме со клубот, ќе видам што ќе се случува со фудбалерите, можеби и ќе останам, – истакнал Гвардиола.

Откако дојде во Сити во 2016 година, Гвардиола го одведе англискиот клуб до една титула во Лигата на шампионите, шест во Премиер лигата и уште неколку важни трофеи куп натпреварувањата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни