Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Неговиот квалитет прави разлика, тој е најдобриот тренер на светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп денеска ќе ја заврши приказната со Ливерпул, клуб на кој верно му служи од 2015 година, клуб со кој освои многу титули во изминатиов период и едноставно со својата енергија, однесување изгради статус на легенда на „Енфилд Роуд“.

Неговите успеси кога се во прашање титули можеа да бидат уште поголеми, меѓутоа голема пречка на тој пат беше Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Меѓу Германецот и Шпанецот се разви ривалство, но има голема почит и тоа уште еднаш го потврди се уште актуелниот предводник на „црвените“.

-Сите знаат за 115-те обвиненија (за прекршување на финансискиот фер плеј), но јас немам поим што значи тоа. Што и да се случило во Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е најдобриот менаџер во светот – и тоа е навистина важно.

-Ако ставите некој друг менаџер во тој клуб, тие нема да освојат лигата четири пати по ред. Тоа зависи од него и неговите момци. Дали тоа значи дека можат да прават што сакаат? Не. Ама не знам што направиле – ако направиле нешто – и не сум тука да кажам дека направиле.

-Ќе видиме. Секако, би сакал да знам (ако Сити е виновен) еден ден. Секој сака да знае. Но, јас ќе бидам на друго место. Квалитетот на Пеп ја прави разликата, па не се грижам за овие работи. Ќе видиме. Тоа не е мој проблем и во ред сум со она што го имаме и она што го постигнавме, -порача искусниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни