Поврзете се со нас

Италија

Јувентус објави кој ќе го наследи Алегри (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Италијанскиот прволигаш Јувентус одлучи да се раздели со тренерот Масимилијано Алегри пред крајот на оваа сезона, одлука која многумина изненади затоа што истаат беше донесена по освоениот трофеј во Купот на Италија.

„Бјанконерите“ ретко се решаваат на вакви потези, да отпушаат тренери во текот на сезоната и потврда за тоа е што Алегри беше само третиот ваков случај во последните 50 години.

Ова ретко се случува во Торино: Јувентус отпуштил само тројца тренери во последните 50 години

Во меѓувреме управата на клубот тргна во потрага по нов предводник и голема желба е да се доведе Тијаго Мота на кого наводно веќе му е понуден тригодишен договор.

И додека се чека одговорот на Мота, Јувентус официјално потврди кој ќе ја води екипата во завршните два меча во сезоната-тоа е легендата на клубот, 52-годишниот Паоло Монтеро.

foto: x.com/juventusfc

Монтеро во моментов е тренер на тимот до 19 години, но сега ќе добие можност да работи и со сениорите за дуелите со Болоња и Монца.

foto: x.com/juventusfc

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни