Поврзете се со нас

Германија

Алонсо по испишаната историја со Леверкузен: Никогаш нема да го заборавиме овој ден

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен не дозволи никакво изненадување и славеше над Аугзбург со 2-1 во последното коло во Бундеслигата, резултат со кој клубот од „Бај Арена“ испиша нова страница од историјата на германскиот фудбал.

Баер Леверкузен победи за крај, Чаби направи нешто што не се памети во германскиот фудбал! (Видео)

Имено „фармацевтите“ стаан првиот состав кој завршил една сезона без ниту еден пораз, поточно кампањата 2023/2024 ја комплетираше со 28 победи и 6 нерешени.

-Никогаш нема да го заборавиме овој ден. Сосема заслужено. На крајот сме непоразени. Тоа беше јасна цел за нас. Навивачите можат да слават денес. Ќе уживаме малку, а утре ќе закрепнуваме. Ова е важен ден за клубот и сосема заслужено стануваме шампиони без пораз. Неверојатно! Ќе ни треба малку време тоа да го сфатиме.

-Да се достигне 90 поени е исклучително силно. Рекордот е 91, само тоа го пропуштивме, но да останеме непоразени е извонредно. Ова достигнување е извонредно не само во Германија туку и во Европа. Од утре ја имаме на повидок нашата следна голема цел. Следната недела е единствена со овие можности. Нашиот тим се запиша во историјата на Бундеслигата. За 20 години ќе погледнеме наназад и сите ќе можеме да кажеме: „Леле, бевме таму“, -порача тренерот Чаби Алонсон.

Само за потсетување Баер може да освои тројна круна сезонава затоа што ќе игра финале во Купот на Германија, но и финале во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни