Поврзете се со нас

Италија

Пиоли за неговата иднина: Ова предолго трае, со Наполи…

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан загуби од Торино со 3-1 во претпоследниот меч за оваа сезона во Серија А, меч кој потврди дека „росонерите“ со нетрпение чекаат да заврши натпреварувачката 2023/2024.

Се очекуваат промени на „Сан Сиро“ во наредниот период, а една од нив е тренерската позиција. Веќе долго време се говори за смена на Стефано Пиоли, па веќе и на стратегот му е мака од сите тие гласини, вести и шпекулации за тоа што може да се случи и кој ќе го наследи.

-Сега доаѓа последниот меч во сезоната и потоа ќе видиме. Луѓето зборуваа за ова многу месеци, премногу месеци, и тимот заврши добра работа. Не беше лесно да се следи тренер кој беше во ваква ситуација, па затоа им честитам за тоа. Има уште една недела, ќе ја доживеам таа недела и потоа ќе видиме.

-Како личност, се обидов да го поминам тоа со рамнотежа и тоа да го пренесам на тимот. Не ме погодија работите што некои луѓе ги кажаа. Го знам моето ниво и дека сè на овој свет е претерано, па затоа продолжив по мојот пат, -истакна Пиоли кој негираше дека преговара со Наполи.

-Не сум разговарал со ниту еден друг клуб. Ако и кога ќе заврши мојот однос со Милан, но не порано, бидејќи имам премногу почит кон овој клуб и неговите навивачи. Договорот ми трае уште една година, имав пет прекрасни, интензивни години и само сум концентриран на завршување на сезоната. Потоа, ако има какви било ситуации, ќе ги проценам, -порача искусниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни