Поврзете се со нас

Балкан

Трајковски го најави пресвртот на Хајдук, „Торцида“ им се „заблагодари“ на играчите на брутален начин (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hnkhajduk

Александар Трајковски повторно ја искористи шансата како стартер во редовите на Хајдук и постигна гол, со кој неговиот тим го најави пресвртот на дуелот со Горица.

Сплитските „били“ на крајот го добија натпреварот со 2:1, но навивачката група „Торцида“ не е воодушевена од залагањето и резултатите сезонава.

Тоа најжестоките фанови на Хајдук го покажаа и по средбата, кога наместо отпоздравување на фудбалерите извадија 11 транспаренти со машки полов орган и тоа во формација 4-4-2.

„Ве боли к.. за нас“ – била пораката испратена со бруталната кореографија, а која го отсликува расположението кај фановите по уште еден неуспешен обид да се прекине доминацијата на Динамо.

Пораката на фановите може да ја видите ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни