Поврзете се со нас

Мото ГП

Драма на Херес: Бањаја и Маркез имаа контакт во битката за првото место, Италијанецот ги издржа нападите (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MotoGP

Марк Маркез полека се враќа во препознатливиот ритам и почнува да ги нуди најдобрите изданија во Мото ГП, откако се поизвесно е дека се адаптира на новите услови кои ги има со мотоциклот на Дукати.

Осумкратниот светски шампион вчера ја освој пол-позицијата на домашната трка во Херес и денеска се погрижи за вистински спектакл на главната трка, од кој дел беше и актуелниит бранител на титулата.

Пеко Бањаја ги надмина проблемите од квалификациите и од спринтот и брзо ги достигна водечките денеска, а во првиот дел од трката покажа завидна брзина и го натера Хорхе Мартин да падне додека беше водечки.

Италијанецот на тој начин го презема првото место и зад себе ги имаше Бецеки и Марк Маркез, кој пак се одлучи за сосема друга тактика и ги чуваше гумите за најважниот дел од трката.

Маркез го притисна Бецеки и без проблеми го мина возачот кој го претставува тимот на Валентино Роси, а потоа го стигна и Бањаја и го предизвика во борбата за првото место.

Марк двапати се обиде да го мине Бањаја и дури имаа контакт, но Италијанецот успеа некако да се одбрани и потоа во завршните два круга си обезбеди покомотна предност и го освои првото место. Маркез и покрај освоеното второ место, славеше како да победил на домашната трка, бидејќи ова за него е прв пиедестал на трка како член на Дукати.

Третото место му припадна на Бецеки кој исто така ја имаше најдобрата трка оваа сезона, а падот на Мартин значи дека одново се вжештува и битката во генералниот пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни