Поврзете се со нас

Свет

Меси добиваше лекарска помош, Рохас доби шанса да изведе слободен удар и режираше ремек-дело (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами направи пресврт и со три гола оствари победа на гостувањето кај Монтреал, натпревар на кој Лионел Меси не забележа ниту еден гол и асистенција.

Соиграчите покажаа дека можат и сами да направат разлика без некоја влијателна акција на Аргентинецот, но најверојатно клучен момент беше оној пред крајот на првиот дел.

Монтреал водеше 2:0 и гостите добија слободен удар во моменти кога Лео Меси добиваше лекарска помош, па одговорноста ја презема Матијас Рохас.

Парагваецот веќе во неколку наврати покажа дека има опасна левица, а со евроголот кој го постигна од слободен удар, јасно се виде дека научил нешто од Меси на тренинзите.

Рохас изведе перфектен слободен удар и постигна импресивен гол за 2:1, по што Суарез даде гол за 2:2, а Интер Мајами направи и целосен пресврт за 2:3 во вториот дел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни