Поврзете се со нас

Франција

Мбапе првпат јавно се обрати и соопшти дека си заминува од ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

ПСЖ како клуб самиот најави дека Килијан Мбапе нема да го продолжи договорот со клубот по крајот на оваа сезона, па иако напаѓачот одолеваше да ја избегне оваа тема со месеци наназад, денеска реши да стави крај на медиумскиот молк.

Мбапе не сакаше да говори за својата иднина и одби да посочи дека го одиграл последниот натпревар за ПСЖ во Лигата на шампионите по елиминацијата од Борусија, но денеска првпат јавно се обрати и призна дека става крај на својата седумгодишна авантура во француската престолнина.

Килијан својот последен меч на „Паркот на принцовите“ ќе го одигра задутре против Тулуз, па тоа ќе биде своевидно збогување со домашните навивачи.

– Реков дека ќе зборувам и дојде време да зборувам со вас. Скаам да ви кажам дека ова е мојата последна година во ПСЖ. Нема да го продолжам договорот и ќе ја завршам мојата авантура за неколку недели. Ќе го играм својот последен меч на „Паркот на принцовите“ оваа недела.

– Имам многу емоции во себе, имав чест да играм за најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот. Му благодарам на клубот што ми овозможи да бидам дел од ПСЖ, им благодарам на сите соиграчи, како и на тренерите Емери, Тухел, Покетино, Галтие и Луис Енрике. Тука се и директорите Леонардо и Кампос кои секогаш беа на моја страна. Тешко е, никогаш не мислев дека ќе биде толку тешко да се соопшти ова, но мислам дека е време за нов предизвик. Ќе ја напуштам Франција, Лига 1 и потребно ми е тоа после седум години, – вели Мбапе во дел од пораката.

Со самото соопштение, Килијан потврди дека заминува во странство, а најверојатно тоа ќе биде трансфер во неговиот омилен клуб од детството, Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни