Англија
Фердинанд директен: Ако Арсенал…

Арсенал денеска му гостува на Манчестер Јунајтед во меч во кој едноставно мора да го добие ако сака да се надева на освојување на титулата во Премиер лигата.
„Топчиите“ се во залет, „црвените ѓаволи“ пак си имаат свои проблеми и повеќе од јасно е зошто Арсенал ќе влезе како фаворит на „Олд Трафорд“.
Меѓутоа избраниците на Микел Артета ќе мора тоа го потврдат на теренот, а според Рио Фердинанд ако тоа не го неправат едноставно не заслужуваат да бидат шампиони.
-Мислам дека ако Арсенал загуби од Манчестер Јунајтед на овој натпревар, тие не заслужуваат да бидат шампиони. Со соочувате со тим кој е исцрпен и нема самодоверба, речиси нема за ништо да игра во лигата и тоа се тимовите против кои сакате да играте во оваа трка.
-Ако имате седум-осум натпревари до крајот на сезоната, размислувате само да играте против тим кој нема за што да игра, може да има неколку повреди и веќе резервира одмор на плажа. Јунајтед е во таа група, тргнете го на страна финалето на Купот, -вели Рио кој даде свое предвидување за битката за трофејот.
-Моите последни размислувања за ова, мислам дека Арсенал ќе слави на секој натпревар до крајот на сезоната. За жал на Арсенал, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе победат на секој натпревар и ќе ја освојат лигата, -заклучи легендарниот англиски ас.
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија19 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови8 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија12 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа
-
Шпанија16 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)