Поврзете се со нас

Шпанија

Чави ја издвои најголемата тактичка грешка која ја направил сезонава како тренер на Барселона: Мора да преземам вина!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona_es

Барселона полека се подготвува за крај на една сезона која со сигурност ќе ја заврши без трофеј, а тоа е неуспех за клуб со големи амбиции како што е каталонскиот гигант.

Барса не успеа да ја обрани титулата во Ла Лига и тоа е она за кое најмногу жали Чави Ернандес и неговиот стручен штаб, но при денешниот прес во пресрет на натпреварот со Реал Сосиедад, тренерот си ја призна и најголемата тактичка грешка која ја направил сезонава.

– Ние како стручен штаб потрфрливме во одредени и моменти и тоа мора да се признае, – започна Чави, кој потенцира дека голема грешка било тоа што играл без коректор во средниот ред во една фаза од сезоната.

– Игравме натпревари без дефанзивен играч за врска и тоа ни ја одбележа сезоната во негативна смисла. Со Ромеу на стартот на сезоната, а потоа и со Кристенсен на крајот се натпреварувавме многу подобро.

– Мора да ја вратиме рамнотежата во тимот. Пропустливоста во средниот ред е моја грешка, но и на целиот мој стручен штаб. Треба да бидеме самокритични, ни недостасуваше поголема контрола во средниот ред, поголема жар во дуелите и не добивавме втори топки. Тоа е она што треба да го подобриме за следната сезона, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни