Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам конечно собра храброст и се обрати на шпански пред навивачите на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам има сезона од соништата во Реал Мадрид и веќе го освои вториот трофеј, но до крајот на сезоната може да стигне и до хет-трик ако биде освоена титулата во Лигата на шампиони.

Англискиот репрезентативец извонредно се адаптираше во тимот на Карло Анчелоти и сите ги изненади со својата ефикасност во нападот, па после 10 месеци минати во клубот, денеска за првпат реши јавно да се обрати на шпански јазик.

Шампионската парада очигледно испадна идеално сценарио за такво нешто, па Џуд го зема микрофонот во раце и испрати навистина симпатична порака до навивачите на Реал.

– Ви благодарам за поддршката и искажаната љубов оваа сезона. Не чека уште еден меч на „Вембли“. Да одиме да победиме….. Хала Мадрид, – порача Белингам.

Ова е јасна порака за натпреварот кој се игра на 1-ви јуни во Лондон, каде Реал Мадрид ќе ја брка својата јубилејна 15-та титула во Лигата на шампиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни