Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ не можеше да оди на крајот од мечот: Имам ДНК од Реал Мадрид во себе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ беше максимално исрцпен и едвај одеше во завршницата од мечот со Оклахома, но сепак успеа да издржи и да го води својот тим до слатка победа.

Поради повреда на коленото, Дончиќ беше неизвесен за третиот меч, но откако машки го издржа истиот и извојува голема победа, Словенецот испорача и изјава која стана вирален хит.

– Повреда е ситуација кога ве оневозможува да играте. Јас имам болки, но можам да играм со болки, имам ДНК од Реал Мадрид во себе. Треба да не можам да одам за да пропуштам еден од овие натпревари, – изјави Дончиќ.

Словенецот имаше 22 поени и 15 скокови во победата од 105:101 над Оклахома, а за време на мечот добиваше и непријатни удари за кои не доби добар третман од судиите.

– Се ме боли. Во последната акција минав меѓу двајца ривали и јасно е дека паднав сам, никој не ме допре. На крајот е важна само победата, тоа е единствено важно за нас, – порача Дончиќ со ироничен тон за судиите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни