Поврзете се со нас

Италија

Јувентус спасуваше бод против отпишаната Салернитана (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус не успеа да ја победи отпишаната Салернитана и до последен момент се бореше за бод (1:1) во дуелот со најслабата екипа сезонава во Серија А. Новото разочарување за фановите беше приредено на домашен терен, а шокот можеше да биде и поголем, бидејќи гостите имаа контра и за победа во последните секунди од натпреварот.

Гостите поведоа во првото полувреме и тоа по корнер, во кој Пјероци ја искористи заспаноста на домашната одбрана и успеа да го совлада Шчесни со силен удар со глава.

Јувентус не можеше да се пофали со многу сериозни шанси откако се најде во ситуација да биде во негатива, а целосна доминација имаше во завршницата од мечот кога „бјанконерите“ не реализираа многу шанси.

Ремито го обезбеди Рабио откако се снајде добро по едно нафрлување и во 91. минута го израмни резултатот на 1:1, што на крајот беше и конечен епилог на мечот.

За Јувентус ова е петто реми по ред во Серија А, па и натаму се мачи да го потврди толку посакуваното место во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни