Поврзете се со нас

Свет

Ал Хилал ја продолжи серијата без пораз и ја обезбеди титулата во Саудиска Арабија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Alhilal_FC

Големиот број засилувања му овозможија на Ал Хилал да оствари долга серија без пораз и да ја обезбеди титулата во Саудиска Арабија на три кола до крајот во првенството.

По минатата сезона во која издоминира Ал Итихад, годинава титулата се врати во Ријад и заврши кај Ал Хилал, во чии редови сезонава настапуваат играчи како Милинковиќ-Савиќ, Митровиќ, Невеш, Кулибали, Буну, Малком, додека Нејмар рано ја заврши сезоната поради сериозната повреда.

Екипата предводена од Жорге Жезус досега има 29 победи и 2 ремија, па има и недостижни 12 бодови предност во однос на Ал Наср, чии ѕвезди преводени од Кристијано Роналдо ќе треба да чекаат следна шанса за посакуваниот трофеј.

Ал Хилал денеска го победи Ал Хазем со 4:1, со што го започна славењето на титулата, која е вкупно 19-та во клупската историја.

Составот од Ријад до крајот на сезоната ќе се бори за три трофеи, бидејќи веќе победи во Супер купот, а ќе игра и во финалето на Кралскиот куп каде противник ќе му биде тимот на Ал Наср.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни