Поврзете се со нас

Англија

Харгривс го советува Челси: Потребни се две засилувања

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси влезе во добар ритам во финишот на оваа сезона и е на добар пат да обезбеди место во европските купови во наредната сезона.

Секако желбата, целта на „сините“ за актуелнава кампања беа да бидат конкурентни за самиот врв, меѓутоа тоа не се случи, реализира, но овие последни резултати како и учинокот во Лига и ФА Купот може да биде основа за натпреварувачката 2024/2025.

Според поранешниот англиски репрезентативец, Овен Харгривс „сините“ не треба да прават нова револуција кога се во прашање трансферите во летниот преоден рок, односно најважно е да најдат квалитетен голман и екстра напаѓач.

-Веројатно се воодушевени што се враќа Рис Џејмс. Тој е толку талентиран играч, веројатно би можел да биде еден од најдобрите десни бекови во светот, но мора да најдат начин да го одржат во форма, да биде фит.

-Мислам дека ако можат да најдат центарфор на лето, да ја средат голманската позиција, тие имаат неколку неверојатни млади таленти таму, би било навистина интересно да се види што ќе направи Челси следната сезона, бидејќи искрено не знам како ќе играат.

-Не трошете пари – само донесете голман, земете напаѓач. Најдете неколку лидери во групата, тие речиси сите се на иста возраст, во ист момент во нивната кариера, мислам дека тоа не е добра работа. Мислам дека кога сте тим, сте млади и се мачите, ви требаат примери. Ви требаат лидери и мислам дека го немаат тоа надвор од Тиаго Силва. Во моментов тие се во одлична форма, тоа е добро, но мислам дека би можеле да имаат уште една незгодна сезона ако не се осврнат на клучните позиции, -порача Харгривс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни