Поврзете се со нас

НБА

Тејтум и Браун незадржливи, Бостон го врати брејкот и повторно води во серијата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/celtics

Бостон изненадувачки загуби од Кливленд на домашен терен во вториот меч и внесе возбуда во оваа НБА серија, која рано утрово сепак се врати на посакуван правец за фаворитот.

Селтикси успеаја веднаш да го вратат брејкот и да победат на првиот меч на гостински терен, пред се благодарение на својот најдобар тандем во тимот.

Џејсон Тејтум и Џејлен Браун ја преземаа одговорноста во свои раце и се погрижија за важна победа од 93:106, триумф кој му овозможува на Бостон да игра доста порелаксирано на четвртиот меч.

Тејтум го заврши мечо со 33 поени, 13 скокови и 6 асистенции, додека Браун уфрли 28 поени и 9 скокови.

Во поразениот тим, Донован Мичел беше убедливо најдобар кошаркар на теренот и постигна 33 поени, но индивидуалниот учинок не беше доволно вреден за да се избегне втор пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни