Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Балак за контроверзниот крај на „Бернабеу“: Ова не смее да се случува…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Реал Мадрид го победи Баерн Минхен со 2-1 и на тој начин со вкупни 4-3 се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд.

Меѓутоа дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ донесе и еден контроверзен момент во самата завршница кога гостите преку Де Лихт успеаа да постигнат гол за 2-2, но претходно акцијата беше прекината поради офсајд, ситуација во која едноставно се остава акцијата да се одигра до самиот крај кога едноставно се работи за тешка одлука, кога одлучуваат милиментри, сантиметри.

Имаше доста реакции по натпреварот од гостите од Баварција, а нивниот став го дели и легендарниот Михаел Балак.

-Ова беше брутално, на моменти останував без зборови. Победата на Реал не е незаслужена, но е многу контроверзна. Кога Баерн одигра долга топка на крајот од натпреварот, судијата според мене направи очигледна грешка и со тоа влијаеше во корист на Реал. Останува горчливиот вкус бидејќи ВАР не можеше да биде вклучен бидејќи судијата направи очигледна грешка. Ова не смее да се случи! Само затоа што ситуацијата е тесна, треба да се почека, но линискиот судија згреши бидејќи го крена знамето.

-Не знам зошто ја зеде толку рано. На крајот на денот, не е важно кој ја направил грешката. Судиите ја водат играта и ова беше очигледна грешка, -рече Балак кој запрашан зошто бурно реагира одговори:

-Се разбира, затоа што можам да се ставам во таква ситуација. Сум доживеал и контроверзни одлуки. Луѓето мислат дека денеска со ВАР ќе биде поправедно, но овде гледаме дека грешки сепак се случуваат, -заклучи Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни