Поврзете се со нас

Репрезентација

Ново лице: Ракометарите „експлодираа“ во „Борис Трајковски“ и обезбедија билет за СП

Објавено

на

Македонската ракометна сениорска репрезентација успеа да обезбеди пласман на Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на Кирил Лазаров издвојуваа победа над Фарски Острови од 34:26, триумф доволен за место меѓу најдобрите на мундијалот во 2025 година. Ракометарите покажаа сосема друго лице од она во Торшавн пред неколку дена, односно буквално „експлодираа“ во СЦ „Борис Трајковски“ каде водени од публиката успеаа да ја избришат негативата од седум гола (34:27 беше на првиот меч).

Голема, исцрпувачка беше борбата низ сите 60 минути, меѓутоа пресуди македонското срце, упорноста, желбата која постојано беше присутна.

На полувреме водевме со 19:15 за да во вториот дел стигнеме и во плус девет, ама моравме да бидеме внимателни затоа што ривалот не се предаваше, успеваше да дојде на минус седум со тоа што на крајот ние го имавме последниот збор и заслужено одиме на уште едно големо натпреварување.

Пешевски беше прв стрелец со осум голови, Кузмановски даде седум, а Митев имаше шест реализации. Скипаготу со осум гола беше најефикасен кај Фарски Острови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни