Поврзете се со нас

АТП

Надал искрен: Не знам дали ќе играм на Ролан Гарос…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рафаел Надал беше немоќен на денешното соочување со Хуберт Хуркач на Мастерсот во Рим, меч во кој ветеранот освои само четири гејма.

Ветеранот немоќен: Надал надигран од Хуркач во Рим (ВИДЕО)

Шпанецот немаше одговор за противникот кој во моментов е во Топ 10 на АТП листата, односно овој настап отвори дилеми, прашалници дали Рафа е реално подготвен за тоа што следи, вториот календарски грен слем Ролан Гарос.

Чист, јасен одговор за ова нема ниту големиот грен слем шампион кој порача дека допрва ќе донесе одлука дали ќе биде дел од Френч Опен.

-Сè уште не сакам да одлучам за тоа. Постојат два можни патишта. Мислам дека не сум подготвен да се натпреварувам на Ролан Гарос по она што го направив денес. Остануваат уште две недели, ќе направиме се за да ја промениме ситуацијата. Иако е тешко, фрустрирачки, јас сум се поблиску да се обидам. Заглавив, но ќе дадам се од себе во овие две недели.

-Физички има некои проблеми, но тие не се доволни за да се каже дека не можам да играм на најважниот настан во мојата тениска кариера. Ајде да видиме како ќе оди се, како ќе бидам психички утре, задутре, за една недела. Ако се чувствувам подготвен, ќе бидам таму и ќе се борам за работите за кои се борев во последните 15 години, иако тоа сега изгледа невозможно, -порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни