Поврзете се со нас

Италија

Милан ја прекина серијата без победа со голеада против Калјари (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Калјари постигна еден гол, но беше немоќен да спречи убедлив пораз на гостувањето кај Милан (5:1) во рамките на 36. коло во италијанската Серија А.

Бенасер ја отвори гол серијата на „Сан Сиро“ откако се снајде најдобро во шеснаесетникот на Калјари и во 30. минута го отвори резултатот, а на вториот гол се чекаше до 59. минута кога Пулишич зголеми за домаќините.

Нандез експресно ја врати неизвесноста со единствениот кол за тимот од Сардинија, но тоа траеше десет минути, по што Рејндерс реализираше за 3:1, а резервистот Леао и Пулишич ги постигнаа конечните 5:1.

Со оваа победа, Милан стигна до 74 бодови и е блиску до потврда на второто место на табелата во Серија А.

Кајлари ја продолжи серијата без победа и со 33 бода има само три бода повеќе од Удинезе, кој е највисоко во опасната зона и има натпревар помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни