Поврзете се со нас

Англија

Легенда на Арсенал: Ќе го истетовирам логото на Тотенхем ако го победат Сити

Објавено

на

Арсенал заврши голема работа со победата против Манчестер Јунајтед, но мора да очекува кикс на Манчестер Сити ако сака да стигне до шампионската титула во Англија.

Сити во вторник ќе го одигра заостанатиот натпревар со Тотенхем и Арсенал треба да очекува најлутиот градски ривал да му овозможи да стигне до титулата, нешто што сигурно не го посакуваат и фановите на сезонава послабиот лондонски тим.

Поранешниот играч на Арсенал, Пол Мерсон, не верува дека ова сценарио е изводливо, па најави голем преседан ако Тотенхем го победи Сити.

– Арсенал веројатно ќе заврши на второто место.

– Ако се ослониш на Тотенхем да победи или да одигра нерешено… нема шанси.

– Доколку го победат Сити, ќе го истетовирам логото на Тотенхем и тоа на место каде што ќе можете да го видите, – изјавил Мерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни