Поврзете се со нас

Македонија

Охрид го потврди ангажманот на Пешиќ: Се чувствувам привилегиран…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Екипата на ГРК Охрид официјално го потврди ангажманот на искусниот српски интернационалец, Живан Пешиќ.

Пешиќ доаѓа во таборот на „гладијаторите“ од Војводина, а во досегашната кариера има настапувано за екипи како Веспрем, Адемар Леон, Нексе, Целје…

-Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се надевам дека заедно во иднина ќе ги оствариме краткорочните и долгорочни цели на клубот. Исто така, како играч ми претставува задоволство што ќе имам можност да работам со тренер со такво искуство и значење за ракометот во Македонија како што е Стевче Алушовски. Моја лична цел е да му помогнам на клубот да оствари подобри резултати во однос на претходната сезона,  -порача кружниот напаѓач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни