Поврзете се со нас

Македонија

Судиска комисија: Вардар со нерегуларен гол ја победил Македонија ЃП

Објавено

на

foto: ffm.mk

Судиска комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 31. коло во Првата македонска лига и притоа е утврдено дека е направена само една грешка и тоа на скопската пресметка меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Тоа е меч кој „црвено-црните“ го добија со 1-0 со гол во судиското продолжение, но според анализата овој погодок требал да биде поништен поради прекршок над голманот Стевковски.

На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 04.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45+2 и 90+3 минута.

“Главенсудија: Игор Иванов. Помошни судии: Тоше Ицев и Душко Панов.

45+2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа во својот 16-сетник сакајки да прими топка, лошо го процени движењето на топката, таа се одби од земја и го удри во гради па рака (која му беше во природна положба малку одвоена од тело но спуштена надоле)

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката се одби од земја и го удри гради па рака играчот на гостите, која му беше во природна положба и спуштена надоле.

90+3 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден слободен удар над голманот на гостинската екипа и признаен гол за домашната екипа, при резултат 0:0)

На одбиена топка во голманскиот простор од 5,5 метри во 16-сетникот на гостинската екипа, голманот сакаше да игра со раце со топката, но противнички играч на недозволен и неспортски начин (со рака направи прекршок на раката на голманот) го спречи голманот да интервенира, а друг играч на екипата на домакините со глава постигна гол.

Погрешна одлука на главниот судија што го призна голот, требаше да се досуди слободен удар над голманот на гостинската екипа поради недозволен старт (прекршок со рака над раката на голманот) на играч на домакините, спречувајки го голманот да игра со топката.

На останатите дуели судиите одлично си ја завршиле работата, поточно донеле вистински одлуки, исто како и арбитрите во рамките на 28. коло во ВМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни