Поврзете се со нас

НБА

Луда тактика: Играчите на Оклахома го таргетираа Лајвли и го бркаа по теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас успеа да се справи со Оклахома на првиот меч на домашен терен и во тежок и исцрпувачки меч поведе со 2:1 во серијата, а клучен фактор за триумфот беше и тоа што играчите од втор ред постигнаа многу важни поени.

Еден од нив беше Дерек Лајвли кој многу често беше зад линијата за слободни фрлања, особено поради фактот што играчите на Оклахома го таргетираа како лош изведувач во завршницата од мечот.

Гостите направија неколку фаули над Лајвли и буквално го бркаа на теренот, но откако Дерек покажа дека е максимално смирен и сталожен од пенал линијата, играчите на Оклахома полека се откажаа од таквата тактика.

Во таа фаза од мечот, можевме да видиме како Лајвли максимално се бори да побегне од противниците за да не му направат фаул, па едно такво видео стана вирален хит.

Што се однесува со статистиката, Лајвли го заврши мечот со 12 поени и 8 скокови и имаше важен учинок во победата од 105:101.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни