Поврзете се со нас

АТП

Ветеранот немоќен: Надал надигран од Хуркач во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Еден од најдобрите светски тенисери во овој момент, Хуберт Хуркач издвојува лесна победа над Рафаел Надал на Мастерсот во Рим.

Надал е познат како крал на земјата, меѓутоа во овој момент е далеку од посакуваното ниво, најдобрата форма и тоа го потврди Хуркач кој му одржа лекција на Шпанецот на теренот каде има освоено 10 титули и забележано 70 победи.

Хуберт триумфираше по еден ипоп час игра со 2-0 во сетови, првиот заврши со 6-1, а вториот со 6-3 што доволно говори за разликата во овој меч.

Ова за Рафа најверојатно беше последен меч во кариерата во Рим и со големи аплаузи и овации беше испратен од публиката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни