Поврзете се со нас

АБА лига

Звезда сигурно до финалето во АБА лигата, Партизан падна во Подгорица (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Екипата на Црвена Звезда е првиот финалист во АБА лигата и тоа откако успешно ја реши пресметката со Мега со 2-0.

Во втората средба во серијата „црвено-белите“ како гости беа подобри со 94:69 и тоа во дуел во кој имаа проблеми само во првата четвртина (26:19) за да потоа му одржат лекција на противникот.

Четворица играчи кај победникот беа двоцифрени, лидер беше Гиедраитис со 20 кошеви.

Партизан пак загуби од Будуќност во Подгорица со 74:73 и ќе мора да игра „мајсторка“ за пласман во наредната фаза. Беше доста неизвесно, борбено во „Морача“, гостите имаа и напад за победа, но Аврамовиќ не успеа да ја спроведе топката низ мрежичката.

Ферел со 13 беше лидер кај победникот, Пантер на другатата страна реализираше 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни