Поврзете се со нас

Репрезентација

Кузмановски: Тешко се опишува што чувствувам по ваква победа на Македонија

Објавено

на

Филип Кузмановски е еден од најискусните играчи во актуелната генерација на македонската ракометна репрезентација, а по денешната важна победа над Фарските Острови, не го криеше задоволството од пласманот на следниот мундијал.

– Пресреќен сум за екипата и пред се поради фактот што покажавме дека имаме играчи со карактер, тоа се покажа уште од првата минута.

– Покажавме како треба да се игра за Македонија, како треба да се игра еден за друг, гиневме од почеток иако беше тежок поразот што го доживеавме на првиот натпревар.

– Посакувам луѓето да бидат во моето срце и да знаат колку сум среќен што ќе играме на Светското првенство. Фарските Острови играат скандинавски ракомет, не сакам да ги потценувам, но се работи за многу млади играчи и бев многу мотивиран да ги елиминираме.

– Бевме максимално фокусирани, пожртвувани и максимално концентрирани во одбрана и со одличната поддршка на публиката ја остваривме целта, – истакна Кузмановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни