Поврзете се со нас

Свет

Меси се запозна со новото правило во МЛС лигата: Со вакви работи не одиме никаде… (Видео)

Објавено

на

МЛС лигата воведе неколку нови правила пред стартот на новата натпреварувачка сезона, а една се однесува за фубдалерите кои добиваат медицинска помош надвор од теренот.

Лео Меси рано утрово на своја кожа го почувствува новото правило и не можеше веднаш да се врати во игра, па во тие моменти беше уловена и една навистина интересна реакција од Аргентинецот.

Според новото правило во Америка, фудбалерите кои добиваат лекарска помош не смеат да се вратат на теренот во период од две минути, а тоа очигледно не му беше доволно јасно на фудбалерот на Интер Мајами.

– Со вакви правила не одиме никаде….., – порача Меси пред телевизиската камера.

За негова среќа, додека тој беше крај аут линијата, Рохас режираше ремек-дело од слободен удар и намали на 2:1, а до крајот на мечот Интер Мајами направи пресврт и победи со 2:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни