Поврзете се со нас

Германија

Баерн добил негативен одговор и од премиерлигашки менаџер

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Раководството на Баерн Минхен и натаму не може да го реши проблемот со испразнетото тренерско место за следната сезона, а деновиве добило уште едно „не“ од истакнат европски стручњак.

Изминатите недели од опцијата да го наследат Томас Тухел се откажаа имиња како Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник, а во игра сега не е ни Оливер Глазнер.

Австрискиот стручњак остави одличен впечаток со својата работа откако го презема Кристал Палас, а по убедливата победа на лондонската екипа над Манчестер Јунајтед, Баерн стапил во контакт со неговиот агент и добил негативен одговор.

Поранешниот тренер на Ајнтрахт одбил да преговара со Баварците и засега не планира да прави нова промена, односно негов приоритет е да ја подготвува следната сезона на Кристал Палас.

Откако Глазнер го презема Палас во февруари, неговата екипа забележа шест победи на дванаесет натпревари и во истиот период повеќе бодови освоиле само Манчестер Сити и Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни