Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за неочекуваниот пораз во Рим: Како да играше друг тенисер

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ ги шокираше своите фанови со пораз во два сета од Алехандро Табило и раната елиминација на Мастерсот во Рим.

Чилеанецот направи подвиг во кој му помогна и светскиот рекет број еден, со неубедливиот настап и движењето на теренот кое и според самиот Ѓоковиќ било изненадувачки лошо.

– Начинот на кој денеска се чувствував на теренот беше навистина чуден, како да игра друг тенисер на мое место.

– Без ритам, без темпо, без никаква рамнотежа на кој било удар, тоа е малку загрижувачко, – рекол Ѓоковиќ кој најавил и допололнителни прегледи поради несреќниот удар во главата кој го заработи по претходниот меч.

– По вчерашниот тренинг немав проблем, но не се чувствував исто. Денеска под притисок, беше навистина лошо пред се во смисол на рамнотежата. Бев потполно поинаков играч во однос на оној од пред два дена, – рекол српскиот тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни