Поврзете се со нас

Германија

Нојер застана зад ставот на Гвардиола и најде оправдување за примениот гол на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Мануел Нојер немаше желба да зборува по мечот со Реал Мадрид и накратко посочи дека останал без текст по болната елиминација во полуфиналето, но капитенот на Баерн Минхен сепак дал и малку поопширна изјава при враќањето во родната земја.

Човекот кој правеше чуда на голот во најголем дел од мечот го одржуваше својот тим во игра на „Бернабеу“, но кога дојде моментот на вистината направи некарактеристичен кикс и му дозволи на Хоселу да израмни на 1:1.

Од овој момент тргна надолната линија на баварците и многу брзо почна да тоне бродот на гостинскиот тим, а во својата поопсежна анализа за големата грешка, Нојер на Германците им објаснил дека негов непријател бил и нерамниот терен на „Бернабеу“.

Голманот на Баерн застана зад ставот на Пеп Гвардиола кој се пожали за новиот тревник во Мадрид, објаснувајќи дека топката добила неправилен лет и затоа на крајот не успеал да ја зграпчи истата онака какошто замислил.

– Мора да кажам дека очекував сосема друг лет на топката, ја чекав во висина на моите гради. Отиде малку повисоко и не очекував дека ќе има нерамнина на теренот. Голот за 1:1 беше брутален, тоа беше клучен момент. Болно е да бидете елиминирани на ваков начин, – порачал Нојер, кој ја коментирал и контроверзната одлука на Симон Марчињак при непризнатиот гол на Де Лихт за 2:2.

– Судијата потпадна под влијанието што суди натпревар на „Бернабеу“. Мора да остане верен на себе и на правилата на оваа игра. Ова не смее да ни се случува на ова ниво, – завршил капитенот на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни