Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го победи Алкалоид и останува во игра за титулата

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Вардар го добија дербито со Алкалоид (24:21) во денешното дерби на македонската ракометна Супер лига и се зацврстија на второто место на плејоф табелата.

Скопските ривали одиграа натпревар во кој на почетокот предноста беше кај Алкалоид, додека во финишот на полувремето Вардар стигна до предност за 12:11 на полувреме.

Во ист стил се играше и во вторите триесет минути, Вардар постојано водеше, но не со повеќе од два гола, за на крајот да ја задржи предноста и да ја потврди победата со конечни 24:21.

Јасихура со 8 голови беше најдобар поединец кај Вардар, додека на спротивната страна по 5 гола реализираа браќата Митев.

Со денешната победа „црвено-црните“ се зацврстија на второто место и остануваат на два бода заостанување зад актуелниот лидер Еурофарм Пелистер, кој има предност во трката за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни