Поврзете се со нас

НБА

Кид по новиот триумф на Далас: Не бевме таков тим…

Објавено

на

Екипата на Далас Маверикс ја забележа втората победа во дуелот со Оклахома Сити Тандер или поточно направи пресврт и сега води со 2-1 во полуфиналната серија на Западот.

Домаќините успеаа да се изборат за позитивен резултат во еден борбен дуел, меч со многу контакти во кој поентерски во втор план останаа главните ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои постигнаа по 22 поени, односно лидер беше Пи-Џеј Вашингтон со 27 кошеви.

-Можеби не бевме таков тим во минатото, но сега сме поинакви и можеме да играме со многу контакти. Ама ако треба и ќе играме со умешност, со финеси, можеме и тоа, -порача тренерот на Далас, Џејсон Кид.

Четвртата средба во серијата е закажана за вторник наутро од 03:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни