Поврзете се со нас

Пливање

Окипинти и Жуис славеа на Охридскиот пливачки маратон

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SPendarovski

Алесио Окипинти од Италија и Каролин Жуис од Франција се победници на традиционалниот Охридски пливачки маратон.

Окипинти беше најбрз во машка конкуренција поставувајќи нов рекорд на патеката од 4:53:14 часа. Тој го остави зад себе ланскиот победник Матијас Дијаз од Аргентина, додека пак трет беше Марко Инглима со време од 5:02.19 часа.

Најдобриот македонски пливач Евгениј Поп Ацев заврши како четврти со време пет часа, осум минути и 32 секунди.

Кај дамите, Жуис беше број еден, поточно од Свети Наум до кејот на Охрид пливаше 5 часа и 5 минути што исто така претставува нов рекорд на патеката (женска конкуренција) . Туна Ердоган беше зад неа, додека трета беше Аргентинката Ерика Јенсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни