Поврзете се со нас

Германија

Баерн подготвува терен за новиот тренер: Ќе имаме одлука за една недела

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен е една од екипите која е во потрага по нов тренер, замена за Томас Тухел со кого клубот реши да се раздели по крајот на актуелнава сезона.

Неколку стратези се поврзуваа со германскиот великан, меѓутоа ниту една од тие опции не се реализираше за да на крајот клубот се одлучи за изненадувачко решение, тренер со кого веќе се започната преговори и тоа го потврди и поранешниот претседател на Баер, Ули Хенес.

-Да, во тек се разговори со Ралф Рангник. Мислам дека ќе имаме одлука за една недела, -истакна Хенес.

Претходно ова го потврди и селекторот на Австрија што значи дефинитивно постојат големи шанси Рангник да го видиме на „Алијанц Арена“.

Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни