Поврзете се со нас

Италија

Навивачите на Милан го губат трпението со Леао, Португалецот се огласи на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Рафаел Леао не доживува најдобри денови во Милан и фановите се почесто се разочарани од неговите изданија, бидејќи покрај тоа што не помага во одбрана, се поретко прави разлика и во напад.

Португалецот е бледа сенка од играчот кој брилјираше во најголем дел од последните две сезони, а тоа се почесто му носи критики и свирежи од навивачите кои обично треба да стојат зад него.

За време на вчерашното реми со Џенова, Леао доби свирежи од дел од фановите на Милан и беше испратен со свирежи кога беше изваден од игра, нешто што очигледно го натера Португалецот да им одговори на хејтерите.

– Ви благодарам што постоите, има луѓе кои не знаат што значи ова. Ова е многу повеќе од страст и религија!!, – порача Леао, алудирајќи на својата љубов кон фудбалот.

Во тешките моменти кои ги доживува, Леао доби поддршка од играчот на Барселона кој исто така минува низ тежок период, а тоа е неговиот сонародник Жоао Кансело.

– Остави ги брат, не знаат……., – гласи пораката на Кансело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни