Свет
Меси има поголема плата од вкупниот буџет на речиси цела МЛС
Лионел Меси очекувано е најплатен фудбалер во МЛС и ќе заработи 20,45 милиони американски долари за настапите во редовите на Интер Мајами.
Аргентинецот ќе ги добие овие пари како гарантирана заработка од својот клуб, но проценките се дека заедно со останатите спонзорски договори на лигата и клубот, ќе дојде до заработка од околу 150 милиони долари за трите договорени години во тимот од Флорида.
Лоренцо Инсиње е на второто место според платата и добива 15,44 милиони долари од Торонто, додека соиграчот на Меси, Серхио Бускетс е далеку зад него со загарантирана компензација од 8,77 милиони долари.
Вкупната гарантирана компензација на Интер Мајами изнесува над 41 милиони долари, што не само што е рекорд во МЛС за една сезона, туку е и двојно поголема од речиси сите останати клубови во ова американско натпреварување.
Зад Интер Мајами, следуваат Торонто со вкупна сума за плати од 31,4 милиони долари и Чикаго со 25,13 милиони долари. Поединечно, забележан е раст од 4,8 проценти на платата за фудбалерите, а 115 ќе заработат најмалку 1 милион долари.
Ако се спореди платата на Меси и вкупната сума за плати на клубовите, само четири клуба имаат вкупна сума за плати поголема од заработката на Аргентинецот.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон
-
Свет17 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)