Поврзете се со нас

Европски купови

Ѓорчепетровки загубија од Елче во првиот четвртфинален меч во Европскиот Куп

Објавено

на

foto:www.facebook.com/cbmelcheoficial

Ракометарките на Ѓорче Петров претрпеа убедлив пораз од Елче од 36:21 во првиот натпревар од четвртфиналето на Европскиот Куп.

Македонскиот шампион не се снајде во Аликанте, а особено лошо беше второто полувреме кое им припадна на домаќините со 22:11. Инаку лидерот во шпанскиот шампионат тргна фуриозно уште од самиот старт и брзо дојде до 6-1 по што имаше комплетна контрола на резултатот и играта, па на пауза замина со 14-10, предност која продолжи да ја зголемува по одморот кога избраничките на Симе Симовски едноставно се загубија на теренот.

Јанкуловска со пет погодоци беше најефикасна кај нашиот шампион.

Реваншот во Скопје е закажан за 17 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни