Поврзете се со нас

Репрезентација

Започна продажбата на билетите за бараж мечот со Фарски Острови

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација сака да го продолжи настапот на големите натпреварувања, а за да се случи тоа ќе мора да биде подобра од Фарски Острови во бараж соочувањето за Светското првенство во 2025 година.

Од денеска започува продажбата на билетите за дуелот кој на 12 ноември ќе се одигра во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ од 19 часот.

РФМ ја информираше јавноста дека од 12 часот можат да се набават online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Истите се по цена од 200 и 300 денари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни