Шпанија
Роналдо го продаде Крузеиро, па најави дека набрзо ќе се откаже и од шпанскиот проект
Роналдо Назарио е составен дел од фудбалот и по крајот на играчката кариера, но во последните неколку години се актуелизираше и како претседател на два клуба.
Легенарниот „Феномено“ до вчера имал најголем дел од акциите во бразилскиот великан Крузеиро, но конечната одлука е да се повлече од претседавањето и да продаде најголем дел од поседот во клубот.
Бразилските медиуми информираат дека Роналдо продал 90 проценти од акциите за 109 милиони евра, а нов газда на Крузеиро ќе биде познат бизнисмен, Педро Лоренцо.
Роналдо го продава Крузеиро за речиси 30 милиони евра повеќе од тоа што го купи во 2021-ва година, но неговиот план е тоа да го направи и со Валјадолид со чии акции располага од 2018-та година.
– Валјадолид ќе биде следниот клуб кој ќе го продадам, – кратко им најавил Роналдо на бразилските новинари, што значи дека Бразилецот набрзо ќе стави крај и на проектот кој го почна пред шест години.
-
Англија17 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија14 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП17 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет15 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)
-
Европски првенства5 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Англија16 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Франција11 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..