Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел типува кој играч на Баерн ќе постигне гол против Реал: Не знам зошто, но сигурен сум во тоа

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел не штедеше комплименти за својот колега Карло Анчелоти и за Реал Мадрид како најуспешен клуб во Европа, но германскиот стручњак не планира да се предаде предвреме и нагласи дека нема да се појави со бело знаме на „Алијанц арена“.

И покрај историјата која е на страната на Реал, Тухел добро знае како е да се оствари победа над „кралевите“, бидејќи тоа веќе го направи како менаџер на Челси во најелитното европско натпреварување.

Томас верува дека неговиоте фудбалери можат да одработат дисциплинирано на сите страни на теренот и да ги користат шансите кои ќе ги имаат на домашен терен, а една од најинтересните изјави беше онаа за повратникот во тимот на Баерн.

Серж Гнабри се враќа за големото полуфинално дерби по повредата која ја заработи со Арсенал, а Тухел е убеден дека крилниот напаѓач утре ќе биде стрелец на барем еден гол.

– Не знам како го знам тоа, но сигурен сум дека ќе се случи. Гнабри ќе постигне гол против Реал. Не знам зошто, но сигурен сум во тоа, – изјави Тухел, кој најверојатно нема да може да смета на Де Лихт и Упамекано.

– Ќе мора да чекаме за завршните тестови до самиот старт на мечот. Лаимер изгледа добро и сака да се испроба, но сметам дека Де Лихт и Упамекано нема да стигнат навреме. Што се однесува за Мусиала и Сане, за нив ќе донесеме одлука во последен момент, – порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни