Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелце го разби ГОГ, Загреб и Монпелје водеа изедначена битка (ВИДЕО)

Објавено

на

Ракометарите на Кјелце се на добар пат да обезбедат место во четвртфиналето на Лигата на шампиони откако го разбија ГОГ Гудме со 33:25 во првата средба од оваа фаза.

Полскиот тим доминираше на гостувањето во Данска и со тоа ширум си ги отвори вратите за пласман во наредната фаза. Алекс Душебаев со 9 голови беше прв стрелец, а одличен на голот беше голманот Волф со 14 интервенции.

Захариесен и Мадсен имаа по четири реализации кај домашниот состав.

Загреб и Монпелје пак одиграа без победник (27:27) во вечерашната пресметка во Хрватска. Гостите го добија првиот дел со 13-11, домаќините вториот со 16:14 што значи имаме одлична најава за интересен реванш во Франција закажан за 3 април.

Срна со 6 гола ја предводеше листата кај домаќините, додека Симонет и Скубе на другата страна имаа по 6 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни