Поврзете се со нас

Европски купови

Признание за репрезентативецот: Шортс доби место во најдобрата петорка на сезоната во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ParisBasketball

Македонскиот репрезентативец и воедно член на Париз, Ти-Џеј Шортс се најде во најдобрата петорка на сезоната во Еврокупот.

Плејмејкерот со својот тим ќе се бори за титулата во ова натпреварување, резултат за кој има голема заслуга и сосема заслужено се најде во фокусот на фановите, медиумите, тренерите и капитените кои ги бираа најдобрите.

Шортс беше МВП на 1, 10 и 12 коло, четвртфиналето и полуфиналето, тој е број еден кога се работи за асистенциите (7,5), втор по постигнатите поени во просек (18), вистински лидер на Париз кој против Бург ќе се обиде да дојде до пехарот во второто по ранг натпреварување во Европа.

Друштво во првата петорка му прават Вилијамс од Улм, Оласени и Морган од Лондон Лајонс и Мајк од Бург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни