Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен издоминира на првата Ф1 спринт трка сезонава

Објавено

на

Макс Ферстапен стартуваше од вториот ред на првата спринт трка во актуелната Формула 1 сезона, но тоа не го спречи да издоминира и да дојде до убедлива победа во Кина.

Формула 1 се врати во азиската земја по подолга пауза, а спринт натпреварот е добра најава за неделната трка, на која актуелниот шампион повторно ќе биде голем фаворит.

Возачот на Ред Бул стартуваше од четвртата позиција, но го презема врвот по неколку круга, за на крајот да обезбеди голема предност во однос на второпласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес.

Последното место на победничкиот пиедестал го пополни Серхио Перез од Ред Бул, додека бодови освоија уште Леклер, Саинц, Норис, Пјастри и Расел.

Денеска се возат квалификации за главната трка, која на програмата е утре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни