Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг за најавената „чистка“ на Јунајтед: Секое лето преговараме со 200 фудбалери

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг денеска ги исмејал шпекулациите дека Манчестер Јунајтед ќе прави радикална чистка во летниот преоден рок и дека само тројца фудбалери се „недопирливи“ од освеженото раководство во кое главна улога презема милијардерот Џим Ретклиф.

На вообичаената прес-конференција, новинарите побарале мислење од холандскиот стручњак за овие медиумиски тврдења.

– Тоа мора да е шега.

– Откако сум тука, според вас секое лето Манчестер Јунајтед е заинтересиран и преговара со 200 фудбалери.

– Исто така, според медиумите правиме голема чистка, па излегува дека насловите се неточни. Треба да има одговорност кога се објавуваат такви информации, пронајдете добри извори и тогаш пишувајте за тоа, – коментирал Тен Хаг.

Јунајтед својот натпревар од новото коло во Премиер лигата го игра во понеделник и тоа како гостин кај Кристал Палас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни